Останати спортови Победа во четвртфиналето

Ивановски полуфиналист на фјучерсот во Загреб

Дуелот донесе голема борба за секој поен и одиграни вкупно 218 поени (117:101 за Ивановски) по три часа игра.

Ивановски полуфиналист на фјучерсот во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Загреб, откако денеска во четвртфиналето го победи домашниот тенисер Вито Тонејц со 2-1 во сетови (6-4, 6-7(5), 6-2).

Дуелот донесе голема борба за секој поен и одиграни вкупно 218 поени (117:101 за Ивановски) по три часа игра.

Противник на Ивановски во утрешното полуфинале ќе му биде победникот од дуелот меѓу синот на Гран Ивановишеви, Емануел Иванишевиќ и Мирза Башиќ.  (МИА)

To top