На последното јавно појавување во медиумите, Горан Иванишевиќ зборуваше за повеќе теми околу тенисот, но новинарите беа упорни да изнудат одговор од хрватскиот ас за разделбата со Новак Ѓоковиќ.
Горан Иванишевиќ истакна дека немал повеќе предизвици, со оглед на тоа дека помина шест години со Ѓоковиќ, односно дека сега му било интересно повеќе да работи со млади тенисери.
– Пресудно беше тоа што сакав да работам со млади таленти, но ќе видиме каде ќе ме однесе патот. Со Новак Ѓоковиќ, ништо не се случи, на се доаѓа крајот. Дојде малку до презаситување, направивме големи работи, резултатите не можат да се избришат, порача Горан Иванишевиќ.