Останати спортови

Италијанскиот тенисер Јаник Синер со нов рекорд

Италијанскиот тенисер Јаник Синер со нов рекорд

Италијанскиот тенисер Јаник Синер постави уште еден рекорд на Австралија опен.

Тој со максимални 3:0 во сетови го совлада Лучано Дардери и во четвртфиналето ќе игра против Американецот Бен Шелтон.

Синер има серија од 18 победи против некој сонародник, односно нема пораз во меч со италијански тенисер.

Тој на истиот меч постави уште еден рекорд со 19 ас сервиси на еден Гренд слем турнир.

Победата во мечот со сонародникот Дардери му овозможи на Синер деветто последователно четвртфинале.

Тоа уште еднаш ја покажува добрата форма на еден од најдобрите тенисери последните неколку сезони.

To top