Италијанката Камила Џорџи стави крај на својата професионална кариера, на 32 годишна возраст, соопшти денеска Тениската федерација на Италија.
Во текот на кариерата Џорџи освои четири ВТА турнири, од кои најголемиот е оној од серијата Мастерс 1000 во Монтреал во 2021 година.
На грен – слем турнирите најдалеку отиде во Вимблдон во 2018 година, кога играше во четвртфиналето.
Последниот дуел Џорџи го одигра во март годинава на турнирот во Мајами, каде загуби во второто коло од најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек со 1-6, 1-6.