Италијанскиот тенисер Јаник Синер откако ја пропушти групната фаза на Дејвис Купот, се враќа во репрезентацијата на Италија.
Тој ќе се стави на располагање на својата селекција за завршниот турнир во Малага. Селекторот Воландри ќе го има Синер на располагање за четвртфиналето против Аргентина.
Италија ќе го брани трофејот кој минатата сезона го освои во ова натпреварување. Финалниот турнир со осум репрезентации се игра во шпанскиот град Малага од 19 до 24 ноември.