Вториот ден од Зимските олимписки игри „Милано–Кортина 2026“ програмата се проширува со нови финалиња и продолжување на квалификациите во повеќе спортови.
На распоред се очекуваат одлучувачки настапи во алпско скијање, продолжение на натпреварите во брзо лизгање, како и првите сериозни битки во фигурно лизгање и крос-кантри дисциплините
На првиот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри „Милано–Кортина 2026“, во сабота беа доделени и првите олимписки медали, а домаќинот Италија имаше силни настапи на стазите и арените ширум северна Италија.
Во женското брзо лизгање на 3.000 метри, Франческа Лолиобригида со неверојатно време од 3:54.28 постави олимписки рекорд и освои златен медал за Италија, победувајќи ја норвешката Рагне Виклунд и канадската Валери Малтеис на подиумот.
Ова беше историски момент за Италија бидејќи е првото злато освоено од италијанска жена во брзо лизгање.
Во машкиот спуст во алпско скијање, швајцарскиот скијач Франјо фон Алмен го освои првото злато на игрите со време од 1:51.61, додека Италијанците Џовани Францони и Доминик Парис завршија со сребрен и бронзен медал, со што Италија собра уште две медали на истиот ден.
Дополнително, во други дисциплини се одржаа квалификации и натпревари во женскиот скијатлон, каде шведските натпреварувачки Фрида Карлсон и Еба Андерсон го зазедоа првото и второто место, додека Норвешка освои бронза преку Хеиди Венг, уште еднаш покажувајќи ја силната традиција на скандинавските земји во крос-кантри дисциплини.
По првиот ден на натпреварување, Италија излезе како најуспешна земја со вкупно три медали (едно злато, едно сребро и едно бронза), следена од Шведска и Швајцарија со по едно злато и еден сребрен медал или без други додатоци, додека Норвешка и Канада исто така најдоа место на подиумите.
Во текот на првиот ден беа одиграни квалификации и натпревари во повеќе спортови вклучувајќи алпско скијање, брзо лизгање и крос-кантри скијатлон, како и почетни натпревари во дисциплини како snowboarding и ски скокови, што ја најави богата програма настани што следат во наредните денови.
Вториот ден од Зимските олимписки игри „Милано–Кортина 2026“ програмата се проширува со нови финалиња и продолжување на квалификациите во повеќе спортови.
На распоред се очекуваат одлучувачки настапи во алпско скијање, продолжение на натпреварите во брзо лизгање, како и првите сериозни битки во фигурно лизгање и крос-кантри дисциплините.
Паралелно ќе се одвиваат и квалификациски рунди во спортови како snowboard и ски скокови, каде фаворитите ќе се обидат да обезбедат место во финалните серии.
Со оглед на густата агенда, вториот ден најавува уште поинтензивна борба за медали и први појасни контури на земјите кои ќе ја диктираат олимписката трка.