Ватерполистите на Италија изборија пласман во полуфиналето на Европското првенство во ватерполо откако во директниот дуел од групата ја совладаа Хрватска со 13:10 (3:3; 2:0; 2:4 и 6:3).
Во најголемиот дел од натпреварот Италија имаше водство, а Хрватска последен пат изедначи на 8:8 на почетокот на последниот период.
Грција го освои првото место во групата Ф, пред Италија, додека Хрватска е трета.
Во групата Е Србија го освои првото место, пред Унгарија воедно овие две селекции изборија полуфинале.
Во полуфиналето во петок од 17 часот ќе играат: Грција – Унгарија, додека Србија за ривал ја има селекцијата на Италија, а почетокот на дуелот е во 20:30 часот.