Останати спортови

Историски момент за македонскиот мото спорт, Бузалковски и Кочовски на легендарната трка „24 часа Ле Ман“

Историски момент за македонскиот мото спорт, Бузалковски и Кочовски на легендарната трка „24 часа Ле Ман“

Министерот за спорт, Борко Ристовски објави дека за прв пат во историјата, Македонија ќе има свои претставници на легендарната трка „24 часа Ле Ман“ .

-Денеска со гордост се сретнав со нашиот мотоциклист Христијан Бузалковски, кој заедно со Синиша Кочовски ќе ја претставува Македонија на оваа легендарната трка на издржливост. Ова е историски момент за македонскиот мото спорт кој верувам, ќе биде само почеток на многу успешни настапи на најпрестижните трки, објави Ристовски.

Тој истакна дека нивниот успех е инспирација за сите нас и доказ дека со посветеност, храброст и љубов кон спортот, сè е возможно!

To top