Откако успешно ги мина квалификациите, Бобан Илиоски оствари навистина голем успех на Светското ВАКО првенство кое се одружува во Португалија, па денеска обезбеди пласман и во полуфиналето.
Турнирот на кој домаќин е градот Албуфеира продолжи со возбудувањата денеска, а оттаму пристигна информација дека македонскиот кикбоксер се пласирал меѓу четирите најдобри, што според форматот му гарантира бронзен медал.
Илиоски бил убедлив во дисциплината лоу-кик до 86 килограми и го победи Алберт Угинчиќ од Босна, па сега во полуфиналето ќе има противник од Азербејџан.
Елјан Алкишијев славеше над Бразилецот Роча де Карвалјо со 2:1, па тој ќе биде последна пречка за Илиоски пред големото финале.
Македонскиот борец со пласманот во полуфиналето си загарантира бронзен медал, но кога дојде во ваква ситуација, сигурно ќе го нападне и златото.