Полскиот тенисер Хуберт Хуркач се мачи со повреда и поради тоа беше приморан да се повлече од Олимписките игри. Поради повредата Полјакот ја заврши и целата сезона на АТП календарот.
Тој нема да може да настапи на последниот Грен слем турнир УС Опен, а притоа и на завршниот Мастерс.
„Се боревме за да играм на Олимписките игри, но не одеше. Не можев..Беше премногу опасно веднаш по повредата да заиграм во Париз. Разговарав со докторите и осум од десет ми кажаа дека најреално ќе биде да се вратам дури во Австралија следната година“, прокоментира Хуркач.
Хуркач се очекува да направи кам-бек на терените на Австралија Опен, првиот сезонски Грен слем во јануари 2025 година.