Останати спортови

Холгер Руне го откажа настапот на ЛОИ во Париз

Холгер Руне го откажа настапот на ЛОИ во Париз

Холгер Руне потврди дека нема да настапува на олимпискиот тениски турнир во Париз.

Данскиот тенисер влече повреда на зглобот на раката поради што ќе мора да паузира од играње тенис.

Претходно, Руне имаше проблеми и со коленото за време на АТП 500 турнирот во Хамбург, па на крајот мораше да го предаде својот меч во четвртфиналето против Фис, кој подоцна го освои турнирот.

To top