Извршниот директор на Ред Бул, Кристијан Хорнер не даде одговор за иднината на Перез во тимот.
Оценувајќи го настапот на Мексиканецот во квалификациите за Големата награда на Абу Даби (ОАЕ), на кој Перез го зазеде 10. место, Хорнер истакна дека тимот би бил среќен доколку Серхио постигне добар резултат на последната трка од сезоната.
– Добро е што Чеко успеа да се пласира во третиот квалификациски сегмент. Денес ни претстои долга трка. Би било одлично за Чеко да постигне добар резултат на последната трка од сезоната.
Истовремено, Хорнер избегна да одговори на прашањето дали ГН за Абуд Даби ќе биде последна за Перез со Ред Бул.
– Да видиме што може да направи, рече Хорнер.
Последната трка од Формула 1 шампионатот за сезоната 2024 ќе се вози попладнево од 14 часот на патеката „Јас Марина“.