Возачот на шпанскиот тим Дукати Прамак, Хорхе Мартин е победник на трката во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Португалија.
Мартин победи на патеката во Портимао со резултат 41:18.138. Второто место го освои италијанскиот возач на Дукати, Енеа Бастианини, кој заостана 0,882 секунди зад Мартин.
Трет беше шпанскиот возач на Ред Бул Гасгас, Педро Акоста, со 5,362 секунди заостанување зад победникот.