Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин победи вторпат по ред на спринт-трката во Франција.
Шпанецот утрово ја осигура пол-позицијатаво Ле Ман, за да нешто подоцна дојде и до победата во брзата трка.
Зад него заврши Марк Маркес, а на победничкиот пиедестал се најде и Маверик Винјалес. Марк и Винјалес го искористија излетувањетоод патеката на Марко Бецеки.
Мартин е прв во генералниот пласман со 28 бода предност во однос на Бастијанини, односно 29 бода од Франческо Банјаја, кој се откажа во третиот круг во Ле Ман.