Трката за Големата награда на Ле Ман донесе голема драма во Мото ГП и видовме борба на тројцата најдобри мотоциклисти во овој момент, а тоа без никаков сомнеж се Хорхе Мартин, Марк Маркес и Пеко Бањаја.
Триото возачи на Дукати потврди дека е класа за себе во однос на конкуренцијата во овој момент, но денеска возач на денот беше осумкратниот светски шампион Маркес, иако првото место го освои Мартин.
Марк стартуваше од 13-то место и мораше да се пробива со низа престигнувања за да дојде до најдобрите двајца, па откако режираше вистински спектакл, најдоброто го задржа за последниот круг.