Актуелниот шампион во мото ГП Хорхе Мартин ќе се врати на патеката претстојниот викенд на трката за ГН на Катар, потврдија од тимот на Априлија.
Шпанецот беше надвор од патеката од првиот ден од предсезонските тестирања во Малезија, кога заработи фрактура на левата рака и десното стапало.
Мартин потоа заработи скршеница на десната рака на неколку дена пред почетокот на сезоната и уште тогаш беше јасно дека нема да може да се врати на патеките пред четвртиот круг од сезоната.
Бранителот на титулата досега ги пропушти трките во Тајланд, Аргентина и САД. На првите две трки победи возачот на Дукати Марк Маркез, а во САД славеше неговиот тимски коелга, Пеко Бањаја.