Шпанскиот мотоциклист Хорхе Мартин од тимот на Прамак ја освои пол-позицијата за ГН на Австрија и го извозе најбрзиот круг во квалификациите, 1:27,748 минути.
Мартин успеа да постави нов рекорд на патеката, оставајќи ги зад себе Франческо Пеко Бањаја (заостана 0,141 секунди), a првиот ред го комплетира Марк Маркез, кој доцнеше 0,544 секунди зад неговиот сонародник.
Од вториот ред ќе стартуват Алеш Еспаргаро, Џек Милер и Маверик Вињалес, додека седмото место му припадна на Енеа Бастијанини од Дукати. Главната трка во Мото ГП конкуренцијата е закажана за 18 август, со почеток во 14:00 часот.