Двократниот шампион во Формула 1, Мика Хакинен, смета дека британскиот тим Мекларен следната сезона ќе почне и да победува.
„Дали го гледам Мекларен како победува? Многу е блиску. Кога возев за Мекларен често се наоѓавме во тешки ситуации. Некои Гран При беа крајно разочарувачки, со тоа што болидот воопшто не работеше. Јас и мојот партнер се жалевме како да нема крај на тоа, но поминав низ тоа.
Сум видел и лоши и добри денови, па кога шетам низ базата, чувствувам севкупен позитивен став. Бликсу се до победите. Мислам дека и возачите и тимот знаат дека им треба повеќе“, вели Хакинен.