Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го предаде полуфиналниот меч на ИТФ турнирот Порто 50 против Американката Флона Кроули од САД во вториот сет при водство на противничката од 1:0 во сетови и предност од 3:0 во гемови во вториот сет.
Ѓорческа многу добро го почна мечот и поведе со 3:0 во првиот сет, но ривалката успеа да стигне до изедначување од 4:4, а потоа и 5:5. Серијата на освоени гемови за Кроули продолжи и таа го доби сетот со 7:5.
Во следниот сет Американката поведе со 3:0 во гемови, а Ѓорческа потоа го предаде мечот.
И покрај поразот во денешното полуфинале Ѓорческа ја очекува скок на ВТА ранг-листата, а следен настап по двата ИТФ турнира во Порто, треба да го има во Франција на ВТА тур. (МИА)