Горазд Србљак избори место во четвртфиналето на фјучерсот во Куршумлијска Бања и тоа откако го совлада третиот носител Федерико Бондиоли.
Италијанецот е 449 места подобро рангиран од Србљак, ама тоа не му пречеше на Македонецот да се прикаже во најдобро издание и да му земе мерка на турнирот кој се игра на земјена подлога за 15.000 долари.
Битката на теренот „Виктор Троицки“ траеше скоро три часа, а Горазд триумфираше во три сета со (63 46 63).
Следен предизвик за Србљак е седмиот носител Луи Теса од Франција.