Aвстралискиот репрезентативец во хокеј на трева, Мет Доусон го ампутирал прстот за да биде спремен за настап на Олимписките Игри во Париз.
Доусон се одлучил на ваков радикален чекор и покрај тоа што имал можност да почека фрактурата на прстот да зарасне. Но бидејќи тоа би траело предолго, во тој случај не би бил во комбинација за настап на турнирот во Париз.
„Немав многу време да размислувам. Ги добив сите потребни информации што треба да правам, не само за турнирот во Париз, туку и за понатаму во животот“, изјави Доусон за телевизијата „7Нетворк“.