Останати спортови

Ѓорѓиев: Можеме да ја победиме Грција и да се пласираме на ЕП

Ѓорѓиев: Можеме да ја победиме Грција и да се пласираме на ЕП

По одличната победа над Грузија во Тбилиси во првото квалификациски коло, во недела во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, македонските одбојкари ги очекува клупната пресметка со Грција.

Сите калкулации велат дека победа над Грција ќе значи четврти континентален собир за македонските одбојкари.

Капитенот Никола Ѓорѓиев е оптимист дека националниот тим ќе ја искористи шансата.

„Одлично ги стартувавме квалификациите. Никогаш досега во квалификациите, барем откако сум јас тука не сме имале така убедлив почеток со 3:0. Тоа сигурно не мотивра пред натпреварот Грција в недела. Сега следи меч против селекција која е на наше ниво. Ако одиграме дисциплинирано, посебно во блок одбрана и со добар сервис можеме да дојдеме до победа и да го оствариме сонот на оваа нова генерација одбојкари заедно со нас поискусните, да игра на ЕП“, изјави Ѓорѓиев.

To top