Мешаната штафета на Германија во санкање го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо.
Германија, која дојде до златото со време од 3:41.672, беше претставена поединечно од Јулија Таубиц и Макс Лангенхан, додека во двојките од Дајана Ајтбергер и Магдалена Мачина, односно од Тобијас Вендл и Тобијас Арлт.
Австријците го освоија сребрениот медал, заостанувајќи 0,542 секунди зад Германија, додека Италија беше трета, со заостанување од 0,849 секунди зад победниците.
Летонскиот тим го освои четвртото место, Американците петто, а Украинците шесто место.