Останати спортови

Фриц го победи Зверев и првпат ќе игра полуфинале на Грем Слем

Фриц го победи Зверев и првпат ќе игра полуфинале на Грем Слем

Американскиот тенисер Тејлор Фриц се пласира во полуфиналето на УС Опен, откако во четвртфиналето го совлада Германецот Александар Зверев со 3-1 во сетови 7-6/2, 3-6, 6-4, 7-6/3. во меч кој траеше 209 минути.

Двајцата тенисери го задржаа својот сервис во првиот сет, а Фриц го доби тај-брејкот со резултат 7-2. Зверев возврати и по брејкот во осмиот гем го доби вториот сет.

Фриц поведе со 3-0 во третиот сет, но Зверев направи брејк во петтиот гем. Американскиот тенисер повторно го одзеде сервисто на Германецот во десеттиот гем и поведе со 2-1 во сетови.

Во четвртиот сет немаше брејкови. Американскиот тенисер беше подобар во тај-брејкот со резултат 7-3 и со тоа оствари победа и најголем успех во кариерата на Грен слем турнирите.

To top