Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Австралија опен, откако утринава го совлада Тејлор Фриц (7-6, 4-6, 6-2, 6-3), кого го доби девети пат во исто толку меѓусебни мечеви.
Американецот по пресметката направи детална анализа на оваа пресметка, а потенцира дека да продолжел да игра како во првите два сета, тогаш би можел да дојде до подобар резултат.
Меѓусебниот скор за мене е лош, но на првите пет меча не бев на ова ниво, бев млад. Бев блиску до триумф во шестиот дуел, но следните два одиграв доста слабо. Си реков дека мора да има еден натпревар каде што сето тоа се соедини, но меѓусебниот скор сè уште изгледа обесхрабрувачки. Денеска да го одиграв целиот дуел како во првите два сета, тогаш можеби нешто од ова ќе беше можно, изјави меѓу другото Фриц.
Целата изјава на противникот на популарниот Ноле може да ја прочитате ТУКА.