Францускиот пливач Леон Маршан освои златен медал во пливање во дисциплината делфин на ОИ во Париз. Маршан дојде до првата позиција со вкупен резултат 1:51.21 минута. Ова е воедно и нов олимписки рекорд.
Сребрениот медал го освои Унгарецот Кристоф Милан кој заостана 0,54 секунди зад победникот. Со бронзата се закити Канаѓанецот Илја Карун со заостанување од 1,59 секунди зад Маршан.
Претходно Маршан во Париз дојде и до златни медали во дисциплините 200 метри пеперутка и 400 метри краул.