Францускиот пливач Леон Маршан во петокот го освои златниот медал на 200 метри мешано на Олимписките игри во Париз. До златото стигна со време од 1:54,06 минути, што е и нов олимписки рекорд.
Ова е четврти златен медал за овој пливач на овие Олимписки игри, со кој се издигна високо над сите поединци во Париз.
Од вкупно 10 златни медали што Французите ги освоија во Париз, Маршан освои речиси половина.
Британецот Данкан Скот го освои среброто со 1,25 секунди заостанување, а трет беше Кинезот Шун Ванг со 1,94 секунди зад победникот.