Шампионот во Мото ГП, Франческо Бањаја потпиша нов договор со својот тим Дукати.
Според договореното, Италијанецот се обврза на верност со тимот до 2026 година. Неговиот актуелен договор истекуваше по крајот на оваа сезона, меѓутоа италијанскиот тим не сакаше да си дозволи да го загуби својот шампион.
Бањаја во моментов е втор најтрофеен во Мото ГП со шест освоени шампионски титули.
Новата сезона во кралската класа на мотоцикли стартува овој викенд, на патеката „Лусаил“ во Катар.