Италијанскиот возач Франеско Бањаја триумфирше на трката за ГН на Австрија и се врати на првото место во генералниот пласман во МОТО ГП.
Бањаја беше побрз од конкуренцијата овој викенд, откако и вчера беше најдобар на спринт-трката, а доминацијата ја потврди денеска на главната трка.
Италијанецот прв ја помина целта, а зад него заврши Хорхе Мартин, додека третото место му припадна на Енеа Бастијанини.
Бањаја има 275 бодови на првото место, по што следи Мартин со 270, додека трет е Бастијанини со 214 поени.