Трката која се возеже на патеката во Асен помина во знакот на италијанскиот возач кој со својот Дукати ја победи конкуренцијата со одлична предност од 3,676 секунди.
На второто место заврши Хорхе Мартин од Прамак, додека Бастианини го зазеде треттото место на подиумот. Зад нив низ целта поминаа Марк Маркес, Ди Џианантонио, Вињалес и останатите.
Интересно е тоа што Бањаја трета година по ред е најбрз на трката во Асен. За Италијанецот ова беше 23 победа во кариерата.
Со оваа победа Бањаја му се доближи во генералниот поредок на Мартин и сега има десет бода помалку (190).