Италијанскиот возач на „Дукати“, Франческо Бањаја победи на првата трка од Мото ГП шампионатот, Големата награда на Катар.
Двократниот последователен светски шампион беше во водство од првиот до последниот круг и со сигурно возење стигна до победата со вкупно време од 39:34.869 минути.
Втор беше Бред Бајндер од тимот на „КТМ“ со заостанување од 1.329 секунди, а трет Хорхе Мартин од „Дукати Прамак“ со 1.933 секунди.
Четврти беше Шпанецот Марк Маркез, а петти Италијанецот Енеа Бастианини.
Следната трка е закажана за две недели во Португалија.