Франческо Бањаја е победник на спринт трката во Мото ГП за Големата награда на Емилиња Ромања. Италијанскиот возач со својот Дукати беше побрз од конкуренцијата за триумф во Мизано.
На скратената и модифицирана спринт трка Пеко Бањаја имаше финално време од 19:50.237, оставајќи го зад себе лидерот во генералниот поредок Хорхе Мартин.
Тој доцнеше минимални 0,285 секунди, а на третото место финишира Бастианини. Во бодови завршија уште Маркез, Акоста, Биндер, Квартараро, Бецеки и Морбидели.
Со оваа победа актуелниот првак ја смали разликата на лидерот Мартин на само четири бода.