Еден од спортистите кои ја започнаа својата борба за олимписки медали е британскиот пливач Адам Пити (29).
Овој млад спортист веднаш го привлече вниманието на девојките ширум светот, но неговото срце веќе и припаѓа на Холи Ремзи, ќерката на светски познатиот готвач и сопственик на синџир ресторани Гордон Ремзи.
Двајцата започнаа врска по нивната средба на натпревар за танц во 2021 година, а официјално објавија дека се заедно во јуни 2023 година по романтичното патување во Рим.
Адам прво беше во врска со девојката Еијанед Мунро, со која го има синот Џорџ, но се разделија во август 2022 година.
После тоа, Адам и Холи ја објавија својата врска во јавноста, иако обожавателите веќе ги поврзуваа откако забележаа прстен на раката на Холи. Нивната романса брзо ги поттикна гласините за свршувачка, а нивните тетоважи со иницијали на едни со други само ги подгреа шпекулациите.
Парот последен пат е виден заедно на овогодишениот Вимблдон.