Италијанскиот пливач Томас Чекон е победник на финалната трка во дисциплината 100 метри грбно и се закити со златниот медал на Олимписките Игри во Париз.
Одличниот Чекон успеа да ја совлада конкуренцијата и во одлична спринт-трка успеа да триумфира со време од точно 52 секунди.
Зад него останаа Кинезот Џиао Жу и Американецот Рајан Марфи, кои ги добиваат сребрениот и бронзениот медал.