Останати спортови Големата награда на Јапонија

Формула 1: Ред Бул ја потврди замената на Лосон со Цунода

Ја започнавме 2025 година со намера да ја задржиме титулата кај возачите и да ја вратиме титулата кај конструкторите, така што ова е чисто спортска одлука“, соопшти тимот Ред Бул.

Формула 1: Ред Бул ја потврди замената на Лосон со Цунода

Формула 1 тимот Ред Бул потврди денеска дека Јапонецот Јуки Цунода ќе го замени Новозеланѓанецот Лијам Лосон од следната недела и ќе му биде тимски колега на светскиот шампион Макс Верстапен на претстојната трка за Големата награда на Јапонија.

Новозеланѓанецот ќе се врати во Рејсинг Булс, а Јапонецот ќе дебитира за Ред Бул на домашен терен во Сузука на 6 април.

Замената на Лосон беше предизвикана од неговите незадоволителни резултати на стартот на сезоната на трките во Австралија и Кина.

„Не беше лесно да се гледа како Лијам се мачи со болидот на првите две трки. Донесовме колективна одлука да направиме промена. Ја започнавме 2025 година со намера да ја задржиме титулата кај возачите и да ја вратиме титулата кај конструкторите, така што ова е чисто спортска одлука“, соопшти тимот Ред Бул.

To top