Останати спортови

Флавио Бриаторе се врати во Формула 1

Флавио Бриаторе се врати во Формула 1

Некогашниот тимски шеф на тимовите Бенетон и Рено, Флавио Бриаторе, официјално се врати во Формула 1 и тоа како дел од тимот на Алпин.

74-годишниот Италијанец ќе биде извршен советник на францускиот тим и доаѓа на барање на Лука де Мео, првиот човек на францускиот гигант „Рено“, кој е и сопственик на Алпин.

Токму Рено беше и последен Ф1 тим во кој Бриаторе работеше во Ф1, пред да се повлече во 2009 година, поради обвинувањата за местење на исходот на трката во Сингапур во 2008 година.

Бриаторе беше обвинет дека му наредил на Нелсон Пике да предизвика инцидент на патеката, за неговиот клупски колега Фернандо Алонсо да стигне до победата, а ФИА го посочи како диригент на целата ситуација и му забрани секаква функција во спортот.

To top