Останати спортови

Финските хокеари ја освоија бронзата на ЗОИ 2026

Финските хокеари ја освоија бронзата на ЗОИ 2026

Финската машка репрезентација во хокеј на мраз го освои бронзениот медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) со триумф од 6-1 (1-0, 1-1, 4-0) против Словачка во натпреварот за третото место во Милано.

Финска беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено го освои својот осми олимписки медал, а петти бронзен.

Својот единствен златен медал го освои пред четири години на Игрите во Пекинг.

Од друга страна, Словачка остана на својот единствен бронзен медал освоен пред четири години во Пекинг.

Финалето на машкиот олимписки турнир во хокеј на мраз е на програмата денеска со почеток во 14:10 часот меѓу Канада и САД во последниот настан на ЗОИ 2026.

To top