Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) и Формула 1 издадоа соопштение поради тензиите во последните месеци.
Постојат разлики меѓу двете организации. Конкретно, страните имаат различни ставови за обидите на Марио Андрети да влезе во серијата како 11-ти тим.
-Светскиот шампионат во Формула 1 никогаш не бил посилен, тој расте низ целиот свет и ФИА и Формула 1 се посветени на постигнување најдобри резултати за мотоспортот во целина. За таа цел, двете страни развиваат нов стратешки план за искористување на можностите и дополнително развивање на потенцијалот на Ф1 во наредните години“, се вели во соопштението.
ФИА и Ф1 не објаснија што точно е планот. (МИА)