Машката одбојкарската селекција на Јапонија беше на раб да го приреди можеби најголемото изненадување во досегашниот дел од Летните Олимписки Игри во Париз.
„Самураите“ во четвртфиналето играа неверојатна одбојка и водеа со 0-2 против моќната Италија, не искористија четири меч топки и на крај ги стигна казната. Италија славеше неверојатна победа по пет сета со 3-2 (20-25, 23-25, 27-25, 26-24, 17-15).
Во таборот на победничката селекција најдобар поединец беше Микелети со 24 поени, додека одлични беа и Романо со 19, Лавиа со 18 и Галаси со 9 поени. Кај Јапонија, Ишикава имаше 31 поен, а десен помалку Нишида.
Одбојкарските репрезентации на Франција и Германија одиграа нов неверојатен натпревар на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз. По победата на Италија над Јапонија во пет сета и пресврт, следеше исто сценарио и на овој натпревар – домаќинот славеше со 3-2 во сетови (18-25, 26-28, 25-20, 25-21, 15-13).
Нгапет блескаше кај Франција со 21 поен, пред Клевено со 20 поени, а Фауре реализира 11 поени. Кај Германците, Грозер имаше 22 поени, Бреме и Крик реализираа по 14, а Рајхерт постигна 13 поени.