Ентони Џошуа ја заврши професионалната боксерска кариера, откри неговиот чичко Адедемола Џошуа.
Тој изјави дека одлуката е олеснување за семејството, кое долго време доживувало сериозен емоционален стрес околу неговите настапи во рингот.
Џошуа ја завршува кариерата со резултат од 29 победи и 4 порази, а неговата последна борба беше нокаут во шестата рунда над Џејк Пол.
И покрај неодамнешните гласини за можна мега борба со Тајсон Фјури во 2026 година, таквото сценарио сега изгледа малку веројатно.
Одлуката доаѓа по сериозната сообраќајна несреќа во Нигерија на новогодишната ноќ во која загинаа двајца блиски пријатели и тренери на боксерот.