Останати спортови

Ентони Џошуа брутално нокаутираше ММА борец (ВИДЕО)

Ентони Џошуа брутално нокаутираше ММА борец (ВИДЕО)

Британскиот боксер Ентони Џошуа (34) го нокаутираше камерунскиот шампион во ММА – Фенсис Нгану (37) во втората рунда од нивната борба во Ријад.

Храбро беше Нгану да влезе во рингот со боксер како Џошуа, но во борбата што беше кратка, тој немаше шанси.

Тој заврши на подот веќе во првата рунда, а потоа повторно во втората, само петнаесет секунди подоцна, борбата беше завршена.

Џошуа со силен удар со десната рака го „заспа“ Нгану, кој накратко изгуби контрола над нозете и телото.

Овој пат немаше одбројување, судијата веднаш ја прекина борбата.

To top