Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун изјави дека Холанѓанецот Макс Верстапен е најдобриот возач во историјата на овој спорт.
Во неделата, Еклстоун ја следеше трката за Големата награда на Бразил на патеката во Сао Паоло. Верстапен, кој вози за тимот на Ред Бул, на патеката Интерлагос ја постигна 52-та победа во кариерата.
Холандскиот возач уште порано ја обезбеди третата последователна титула во Ф1.
„Макс е најдобриот возач во историјата на Ф1. И неговото влијание е огромно врз популарноста и напредокот на овој спорт во Холандија, а со тоа и враќањето на натпреварувањето во Зандворт“, изјави Еклстоун за холандскиот национален јавен сервис (НОС).
Верстапен ги оствари сите победи во тимот на Ред Бул.
„За време на моето време на чело на Ф1, беше хаос, Зандворт беше лоша патека за тркачите. Имаше и други слични тогаш, но најмалку ми се допадна. Толку многу грди работи се случија таму, а сега се надевам дека сето тоа е зад нас“, нагласи Еклстоун.
Според претходниот план, следната година во Ф1 ќе се одржат 24 трки.
„Сега ми е драго што доаѓам во Холандија, Гран при на таа земја е се подобро и подобро, организацијата исто така. Благодарност до Верстапен, но и до други важни луѓе кои придонесоа. Но Задворт ќе биде во календарот се додека Макс се натпреварува, но ќе загубиме некои трки бидејќи 24 се премногу на календарот“, заклучи Еклстоун.