Рускиот тенисер Андреј Рубљов, кој моментно е на шестото место на АТП-листата, нема да настапи на Олимписките игри во Париз.
Рубљов е дел од 12-те спортисти од Русија и Белорусија кои одбија да настапат на најголемиот спортски настан затоа што не им е дозволено да се натпреваруваат под боите на сопствената земја.
Руските и белоруските спортисти добија дозвола за настап на ЛОИ во Париз, но само како „независни“, што наиде на реакции кај многу спортисти.
Оваа одлука е поради војната меѓу Русија и Украина, а и фактот дека Белорусија отворено е со поддршка за Русија.