Останати спортови

Две лица загинаа откако автомобил излета од патеката на рели трка во Франција

Две лица загинаа откако автомобил излета од патеката на рели трка во Франција

Две лица загинаа, а еден е тешко повреден во несреќа за време на рели трка во францускиот Пуи-де-Дом.

Француската полиција соопшти дека за време на релито во близина на Амберт во централна Франција, еден од автомобилите излетал од патот и удрил во група гледачи.

Две лица загинале, а еден гледач бил тешко повреден и бил префрлен со хеликоптер во локална болница.

„Несреќата се случила околу 10:30 часот наутро во Ле Крос во општината Сен-Жист. Автомобилот излетал од патот. Две лица загинале, едно е префрлено со хеликоптер во болницата Клермон-Феран. Другото лице, возачот на автомобилот, претрпел полесни повреди и бил однесен во болницата Амберт. Седум други лица претрпеле шок, но не се повредени“, соопштија организаторите.

Поврзани теми

To top