Британецот Ландо Норис изгледаше како голем победник по трката во Лас Вегас, иако ја заврши на второто место, но само неколку часа подоцна стигна потврда од ФИА дека и двата болида на Мекларен се дисквалификувани од финалниот пласман.
Официјалната потврда гласи дека болидите на Оскар Пјастри и на Ландо Норис не биле во согласност со техничките прописи, а инспекцијата покажала дека плочата на подот на автомобилите била со дебелина помала од минимално дозволените девет милиметри, што претставува јасно прекршување на правилникот и автоматски води кон дисквалификација.
Оваа одлука донесе значителни промени во шампионатот и особено во борбата за врвот. Пјастри со второто место можеше да биде во идеална позиција да ја обезбеди титулата веќе следниот викенд во Катар, но сега целата ситуација се менува и борбата останува целосно отворена. Неговата дисквалификација не само што му одзема важни бодови, туку и дополнително ја комплицира стратегијата на Мекларен во продолжението на сезоната.
По најновите промени во поредокот, Макс Верстапен се израмни со Оскар Пјастри на второто место во шампионатот, двајцата сега со по 366 бодови, што носи дополнителна неизвесност во завршницата на сезоната.
Ландо Норис и покрај дисквалификацијата останува лидер, одржувајќи предност од 24 бодови, но со значително намалена комоција во однос на конкурентите кои му се поблиску од кога било.