Најголемата спортска манифестација во Македонија,Скопскиот маратон, го надмина својот рекорд од 2019 година од пред-пандемичниот период за број на пријавени тркачи. Рекордот претходно беше постигнат во 2019 година на тогашното издание на маратонската манифестација.
Оваа недела, 6 октомври, во рамките на своето јубилејно 20. издание, ќе учествуваат рекорден број љубители на трчањето. На стартот во недела се очекува да се појават 13.440 натпреварувачи од 55 земји, кои ќе ги исполнат улиците на главниот град.
Покрај традиционалната маратонска трка (42.195 км), на Виз Ер Скопски маратон како и секоја година ќе се трча и полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, како и трката за рекреативци на 5 км, како најмасовната трка од сите.