Викендов во Струга се одржа Државното првенство на Македонија во кајак на мирни води, на кое настапија шест клуба од Дебар, Струга, Охрид и Велес со преку шеесет натпреварувачи.
Кајакарите на Дрим и Арка Борец од Велес со вреќа полна медали се вратија од Државното првенство во кајак на мирни води.
Првото место во сениорска и јуниорска конкуренција го освои Кајак клубот Дрим, втор беше Арка Борец, додека третото место го освои Црн Дрим.
Во поеднинечна конкуренција, Кристијан Лазаров стана државен јуниорски првак на Македонија во кајак на мирни води.
Во категоријата К2 сениори Љубомир Спасиќ и Кристијан Лазаров го освоија второто место, и во К2 јуниори Благој Гугинов и Кристијан Лазаров се закити со сребрениот медал.