Младата британска тениска сензација Џек Дрејпер стигна до полуфиналето на последниот гранд-слем турнир во сезоната, УС опен откако во четвртфиналето со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-5 и 6-2 славеше над Австралиецот, Алекс де Минор.
Дрејпер игра неверојатен турнир и се уште нема загубено ниту сет во Њујорк. Во полуфиналето тој го чека подобриот од дуелот во кој се среќаваат првиот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер и Русинот, Данил Медведев.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Американците, Тејлор Фриц и Френсис Тиефо.