Во рамки на стипендијата „Спортист – спортска надеж“ на Министерство за спорт 10 пинг понгари добиваат стипендии како поттик за понатамошен посилен развој во спортот.
Заедно со претседателот на Пинг понгарската федерација на Македонија Горан Тиловски нашите пинг понг надежи денес во Национална опера и балет присуствуваа на свеченото прогласување на добитниците на стипендии.
Добитници се:
Лука Стојчев-ППК Астраион
Изабела Ковачовска -ППК Берово
Кристијан Каламадевски-ППК Берово
Фани Јованоска-ППК Младост
Мартин Ристески-ППК Младост96
Бојана Јовчевска -ППК Берово
Андреј Стојановски-ППК 1060 АС Ѓорче Петров
Моника Стајковска-ППК Берово
Дарко Китановски-ППК Пелагонија
Александар Јакимовски-ППК Крива Паланка
Ова претставува дополнителен влог и мотив за повеќе тренинг и поголеми успеси. Се заблагодаруваме на Министерството за спорт за оваа награда која значи силна поддршка за развој на пинг понгот.