Во Националната опера и балет во Скопје вечерва ќе биде одржано 71-издание на изборот „Спортисти на годината 2025“.
На оваа традиционална спортска манифестација ќе бидат прогласени и наградени најуспешните македонски спортисти, тренери, спортски тимови и репрезентации и национални спортски федерации за 2025 година, во девет категории.
Во рамки на настанот ќе се одржи и доделување на 500 стипендии „Спортска надеж“, наменети за млади, талентирани македонски спортисти – репрезентативци во различни спортови и категории, како континуирана поддршка од државата за нивниот спортски развој и напредок.
Манифестацијата е во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.